Спонзорства и донации
Сава пензиско друштво а.д. Скопје ја промовира општествената одговорност како дел од својот процес за одржлив развој и подобрување на реномето, го води бизнисот на етички начин, барајќи начин „да и врати“ на околината. Стратегијата за одржлив развој на Друштвото се фокусира првенствено на унапредување на универзалното здравје и благосостојба, што претставува и централна, глобална цел за одржлив развој (ООН СДГ).
Така, Друштвото првенствено ги поддржува и инвестира во следниве области:
- здравје, превентивна здравствена заштита, промовирање на здрав начин на живот и активности кои придонесуваат за подобрување на целокупната благосостојба;
- развој, образование и едукација (фокус на маргинални групи и индивидуи); добротворни цели и социјална сигурност (фокус на маргинални групи и индивидуи); екологија;
- области што го поттикнуваат растот и развојот на економијата, особено нови т.н. ,,start-up” компании кои развиваат иновативни решенија.
Области за донации
- здравствена и превентивна здравствена заштита (на маргинални групи и лица), вклучително и превентивни активности;
- добротворни цели и социјална сигурност (на маргинални групи и лица), вклучително и превентивни активности;
- екологија, вклучително и превентивно дејствување;
- развој на науката;
- образование и дополнителна едукација;
- социјална заштита (помош од катастрофи), вклучително и превентивни активности; конгреси, конференции и други деловни настани (вклучително и оние со сопствен професионален и материјален придонес);
- промовирање на здрав начин на живот и активности кои придонесуваат за подобрување на целокупната благосостојба, како спорт и рекреација.
Области за спонзорства
- конгреси, конференции, деловни и професионални национални настани; истражување и развој;
- образование и дополнителна едукација;
- уметност;
- спорт и рекреација;
- активности кои промовираат превентивна безбедност и заштита на имотот, здравјето и животот.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје активно е вклучено во поддршката на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на спортот, културата, хуманитарната дејност и образованието во Република Северна Македонија.
Сите барања за спонзорства можете да ги испратите на sponzorstva@sava-penzisko.mk , за донации испратете на donacii@sava-penzisko.mk или пак да ги доставите на ул. ул.Димче Мирчев бр.20, 1000 Скопје.
Спонзорства во спортот
Изминатата година беше тешка за спортистите, посебно имајќи ги во предвид рестриктивните мерки со цел одржување на дистанца и заштита на личното и јавното здравје. Целата ситуација влијаеше во одржувањето на голем број натпревари или пак истите беа одржани во празни сали без навивачката публика. Тргнувајќи од настанатата ситуација, како општествено одговорна институција продолживме со нашата поддршка на спортот, посебно онаму каде беше најпотребно.
Во поглед на нашата поддршка спонзориравме повеќе спортски клубови и тоа: