Основен показател за перформансите на портфолиото на Сава пензиски фонд за изминатиот период се движењата на вредностите на сметководствената единица и изведената стапка на номинален и реален принос, сведена на годишно ниво. Реалниот принос се добива од номиналниот принос корегиран за промената на нивото на трошоците на живот за пресметковниот период.
Принос од инвестиции*
Фонд |
Период |
Стапка на принос |
---|---|---|
Приносот на Сава пензиски фонд во номинален износ |
31.12.2017 - 31.12.2024 година сведен на годишно ниво |
5,64% |
Приносот на Сава пензиски фонд во реален износ |
31.12.2017 - 31.12.2024 година сведен на годишно ниво |
0,74% |
Приносот кој се остварува од управувањето со средствата на Пензискиот фонд, им припаѓа на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределува на нивните сметки.
Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителениот пензиски фонд.
*извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување: www.mapas.mk