Основен показател за перформансите на портфолиото на Сава пензија плус за изминатиот период се движењата на вредностите на сметководствената единица и изведената стапка на номинален и реален принос, сведена на годишно ниво. Реалниот принос се добива од номиналниот принос корегиран за промената на нивото на трошоците на живот за пресметковниот период. 

 

Принос од инвестиции

 

Фонд

Период

*Стапка на принос

Приносот на Сава пензија плус
во номинален износ
30.09.2017 - 30.09.2024 година
сведен на годишно ниво
5,52%
Приносот на Сава  пензија плус
во реален износ
30.09.2017 - 30.09.2024 година
сведен на годишно ниво
0,62%

Приносот кој се остварува од управувањето со средствата на Пензискиот фонд, им припаѓа на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределува на нивните сметки.

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

*извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување: www.mapas.mk