ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР

Со оваа Изјава за приватност се објаснува видот на лични податоци што Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во натамошниот текст:
Контролор или Сава пензиско друштво), ги собира преку системот за вршење на видео надзор поставен во деловниот објект.
Покрај тоа, со оваа Изјава детално се појаснува како Сава пензиско друштво ги користи овие податоци.

1. Зошто ги собираме (обработуваме) Вашите лични податоци?

Контролорот ги собира Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео
надзор поставен во деловните простории, од следните причини:

  • За обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од деловните простории заради безбедносни цели (да се обезбеди сигурност на објектот, да се спречи/ одврати/ доколку е потребно да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносните и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации)
  • за да се обезбеди заштита на сопственоста (да се спречи/ открие/ да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите како на пример пожар/физички напад и сл.).

Системот за вршење на видео надзор не се користи за ниту една друга цел, освен за погоре наведените.

Системот за вршење на видео надзор не се користи зa да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите не се користат за да се препознаат луѓе ниту пак се користат како истражна алатка за да се добијат докази за дисциплински постапки од страна на Контролорот, освен ако е во прашање безбедносен инцидент заради кој е поставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци.

(Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до надлежните органи во рамките на формална кривична постапка).

Видео камерите се поставени така што обезбедуваат единствено визуелни снимки на физичките лица (ликот и физичкиот изглед на лицата) кои го посетуваат деловниот простор на Сава пензиско друштво.

Видео надзорот се врши преку четири камери кои се поставени на влезовите во деловниот објект на Друштвото. Две камери се внатрешно поставени на влезот во едниот дел на деловниот објект при што истите се насочени кон влезните врати заради обезбедување контрола при влез и излез во Друштвото и заштита на сопственоста. Другите две камери се внатрешно поставени во другиот дел од деловниот објект, при што едната камера е насочена кон влезната врата, а другата камера е насочена кон помошната влезна врата заради обезбедување контрола при влез и излез во Друштвото и заштита на сопственоста.

2. Какви податоци собираме?

Преку системот за вршење на видео надзор, Контролорот собира само визуелни снимки од физички лица (ликот и физичкиот изглед на вработените, купувачите и другите посетители во деловниот објект). Притоа, не се врши тонско снимање.

3. Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, Офицерот за заштита на личните податоци е лице за контакт и одговорно лица за информации во врска со системот за вршење на видео надзор.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор?

Контролорот користи опрема за видео надзор за обезбедување:

  • контрола над влегувањето и излегувањето од деловниот објект за безбедносни цели и
  • заштита на сопственоста.

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезовите во деловниот објект, има видливо и јасно истакнато
Известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на Контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

5. Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор.

Пристапот до дигиталниот видео рекордер (DVR) уред сместен во посебна просторија на кој се чуваат видео записите е ограничен на администраторот на системот за вршење на видео надзор (Раководител на Служба ИТ), кој е овластен од страна на Управниот одбор на друштвото.

Пристап и увид до личните податоци обработени преку системот за вршење на видео надзор имаат единствено лица кои се овластени од страна на Управниот одбор на друштвото. Пристапот е заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување дадено од страна на Управниот одбор на Контролорот.

6. Како да ги контролирам моите податоци?

Доколку имате какво било прашање во врска со обработката на Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор, може да испратите барање до Сава пензиско друштво на е-адреса: kontakt@sava-penzisko.mk или dpo@sava-penzisko.mk или на адреса ул. „ ул.Димче Мирчев “ бр.20, 1000 Скопје или барањето да го доставите во деловниот објект на Сава пензиско друштво.

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да побарате потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци, како и да пристапите до Вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на Барање до Сава пензиско друштво на е-адреса: dpo@sava-penzisko.mk. Образецот на Барањето, можете да го преземете на следниот линк: www.sava-penzisko.mk/mk-mk/licni-podatoci/baranja-prava/ .

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот од извршениот видео надзор.

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на Барање до Сава пензиско друштво на е-адреса: dpo@sava-penzisko.mk (Образецот на Барањето, можете да го преземете на следниот линк: www.sava-penzisko.mk/mk-mk/licni-podatoci/baranja-prava/) во случај кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога нам повеќе не ни се потребни податоците за остварување на целите на обработката. Вие исто така, можете да ја ограничите обработката и кога обработката е незаконита, а Вие се спротивставувате на бришењето на личните податоци. Сепак, ограничувањето на обработката на Вашите лични податоци не е можно во случај на службена истрага.

10. Дали можам да побарам бришење на моите податоци?

Вие имате право да побарате бришење на Вашите податоци во секое време со испраќање на Барање до Сава пензиско друштво на е-адреса: dpo@sava-penzisko.mk (Образецот на Барањето, можете да го преземете на следниот линк: www.sava-penzisko.mk/mk-mk/licni-podatoci/baranja-prava/) во случај кога личните податоци биле незаконито обработени или повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани.

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со трети страни?

Вашите лични податоци ги чуваме и не ги споделуваме со други лица, освен ако Вие не побарате или пак дадете согласност истите да бидат споделени.

Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на Барање до Сава пензиско друштво на е-адреса: dpo@sava-penzisko.mk (Образецот на Барањето, можете да го преземете на следниот линк: www.sava-penzisko.mk/mk-mk/licni-podatoci/baranja-prava/), кога имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација.

13. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да не известите за проблемот преку е-адреса: kontakt@savapenzisko.mk или во деловниот објект на Сава пензиско друштво на адреса ул. „ ул.Димче Мирчев “ бр.20, 1000 Скопје, и да побарате да преземе конкретна активност.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на e-mail: или dpo@sava-penzisko.mk.

Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по Вашето барање и ќе ги преземе потребните мерки.

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе влезете во фокусот односно видокругот на камерите кои се поставени во деловниот објект на Сава пензиско друштво и трае додека не излезете од фокусот односно видокругот на камерите.

15. Безбедност на личните податоци

Ние сме посветени на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, обезбедуваме соодветни технички и о-рганизациски мерки за безбедност при обработката на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор со кои се гарантира заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на Вашите лични податоци. Ние ги штитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и неовластена употреба или откривање
на податоците.

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Снимките од видео надзорот, односно Вашите податоци ги чуваме до исполнување на целта заради која се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена, сметано од денот кога е направена поединечната снимка. По истекот на рокот од 30 дена, снимките од видео надзорот автоматски се бришат.

Оваа Изјава е составен дел на Правилникот за вршење на видео надзор (Образец бр.3).