25.6.2018
Добиени Решенија за одобрување на избор на нови членови на Надзорен одбор
Почитувани,
Ве известуваме дека НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на ден 22.06.2018 година од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, доби Решенија со кои се одобрува изборот за нови членови на Надзорниот одбор на Друштвото.Новите членови на Надзорниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје се:
Павел Гојковиќ
Јуре Корент
Мојца Горњак
Друштвото ја започнува постапката за впишување на промените во Централниот регистар на Република Македонија.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), www.mapas.mk, (02) 3224 229