19.6.2018
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување даде одобренија за промена на називот на Друштвото и пензиските фондови
Почитувани,
Ве известуваме дека НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на ден 18.06.2018 година од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, доби Решенија со кои се одобрува промена на називот на Друштвото, како и промена на називите на пензиските фондови. Агенцијата, исто така даде одобренија за измената и дополнувањето на Статутот на Друштвото и Статутите на пензиските фондови.
Променетиот целосен назив на Друштвото ќе гласи:
Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје
Скратениот назив ќе гласи: Сава пензиско друштво а.д. Скопје
Променетиот назив на Отворениот задолжителен пензиски фонд ќе гласи:
Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд
Скратениот назив ќе гласи: Сава пензиски фонд
Променетиот назив на Отворениот доброволен пензиски фонд ќе гласи:
Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус
Скратениот назив ќе гласи: Сава пензија плус
Друштвото ја започнува постапката за впишување на промените во Централниот регистар на Република Македонија. По извршениот упис ќе започне користењето на одобрените називи на Друштвото и пензиските фондови.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), www.mapas.mk, (02) 3224 229