27.2.2017

НЛБ Нов пензиски фонд започна со достава на годишни извештаи до членовите на задолжителниот пензиски фонд

Почитувани членови,
Ве известуваме дека започнавме со достава на годишните извештаи за пензиска заштеда во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд со состојба на 31.12.2016 година.
Согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и соодветните подзаконски акти, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје до членовите ќе достави:
Извештај за пензиска заштеда во НЛБ Пензиски фонд;
Информација за остварен принос, инвестициско портфолио, наплатени надоместоци и други информации за НЛБ Пензиски фонд;
Информација за корекција на лични податоци и електронски пристап до Лична сметка.
Други корисни информации.
Вашиот Извештај за пензиска заштеда, на првата страна содржи корисничко име и лозинка за пристап до Вашата лична сметка преку интернет страната на Друштвото, www.nlbnpf.mk
Со почит,
НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229