13.9.2018
“Ден за пензиска свесност- 15 септември”
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и двете пензиски друштва, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје организираaт информативен настан по повод одбележување на “Ден за пензиска свесност - 15 септември”.
Информативниот настан ќе се одржи на 14-ти септември (петок), со почеток од 10:00 часот на плоштад Македонија. Целта на настанот е да се информира пошироката јавност за капитално финансирано пензиско осигурување како важна социјална и финансиска тема на секој граѓанин и воедно да се зголеми пензиската свесност за правата кои произлегуваат од членувањето во втор и трет столб.
Настанот ќе биде одбележан и низ повеќе градови на Македонија во деловните соработници на пензиските друштва:
- Експозитури на НЛБ Банка АД Скопје, деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје,
- Експозитури на Комерцијална банка АД Скопје, деловен соработник на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.
Идејата за организирање на ваков настан и одбележување на “Ден за пензиска свесност - 15 септември” произлезе од потребата да се зголеми пензиската свесност на јавноста. Граѓаните мора да бидат информирани дека во својот работен век заработуваме пари и трошиме, но не обрнуваме доволно внимание за подобрување на заштедите за нашите пензионерски денови. Важно е да се истакне дека кај штедењето за пензија, колку порано започнемеда штедиме, ќе имаме и можност за поголеми заштеди за старост. токму затоа во македонскиот пензиски ситем за својата пензија штедиме уште од првата плата. Дополнувајќи ја во текот на времето преку вториот и третиот стоб ќе си обезбедиме солидни пензиски приходи за помирна старост.
Секој заинтересиран граѓанин може да се обрати до МАПАС и пензиските друштва, секој работен ден за да добие информација во кој пензиски фонд е член или да постави прашања поврзани со неговите права кои произлегуваат од членувањето во вториот и третиот столб.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk (02) 3224 229