12.10.2018

Месец на штедење

 

За време на месецот на штедење, размислете да намените дел од своите примања за почеток на Вашето пензиско штедење во Отворен доброволен пензиски фонд Сава Пензија плус.

Доброволните пензиски фондови се формирани со цел да ви се овозможи да ја надополните пензијата од првиот и вториот пензиски столб и преку дополнително штедење да си осигурате повеќе примања за старост. Штедењето во Сава пензија плус Ви овозможува даночни бенефиции за уплатените средства, како и историја на одлични приноси од инвестирање на средствата во изминатите години.

Месецот на штедење ќе биде одбележан низ повеќе градови на Македонија во експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk