03.1.2019

Намалување на надоместокот од уплатени придонеси за 10% и месечниот надоместок кој се наплатува од вредноста на вкупните нето средства на пензискиот фонд за 14,3% за членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд

Почитувани,

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси и за намалување на месечниот надоместок од вредноста на вкупните нето средства во Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд.

Од 01.01.2019 година висината на надоместокот од уплатени придонеси изнесува 2,25%,* наместо досегашниот 2,50%*, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на вкупните нето средства изнесува 0,030%*, наместо досегашниот надоместок од 0,035%*.

Надоместок за премин* од еден во друг задолжителен пензиски фонд

Број на денови на членство ≤720 15 Евра
Број на денови на членство > 720 не се наплаќа надоместок за премин

За периодот 01.01.2018 до 31.12.2018 износот на трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,01%.** (вкупен износ на трансакциски провизии е 1.510.521 мкд).

Висината на надоместокот од уплатени придонеси и висината на месечниот надомест од вредноста на вкупните нето средства е променлива категорија. Во примена е надоместокот определен од Друштвото, кој е во рамките на максималната висина на надоместоците пропишани со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд. Намалувањето на надоместоците директно влијае на износот на пензиските заштеди на членовите на Сава пензиски фонд.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување  (МАПАС) www.mapas.mk (02) 3224 229.

Со почит,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Извори:.
*Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk
** Сава пензиско друштво а.д. Скопје