26.3.2019
Соопштение до јавноста по повод започнување на Глобалната недела на парите во 2019 година
Агенцијата за супервизија на капитално финансирно пензиско осигурување (МАПАС) и Приватните пензиски друштва - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје денеска започнаа со спроведување на едукативни активности по повод одбележување на Глобалната недела на парите 2019 година. На првиот ден од неделата Агенцијата заедно со друштвата одржаа презентации во шест средни училишта во Градот Скопје со кои беа опфатени околу 300 ученици и тоа во: СУГС „ Панче Арсовски“; СУГС„ Никола Карев„; СУГС „ Орце Николов“ ;СУГС„ Владо Тасевски„; СУГС„ Зефљуш Марко„ и СУГС „ Јосип Броз Тито“ .
Во СУГС „ Орце Николов“ едукативна презентација пред учениците од четврта година одржаа Претседателот на Советот на експерти Максуд Али и директорите на двете пензиски друштва Весна Стојановска и Мира Шекутковска преку кои ја потенцираа важноста на парите и потребата од нивно правилно управување уште од најрана возраст. Тие нагласија дека :
- ДОДЕКА СМЕ МЛАДИ,УЧИМЕ, РАБОТИМЕ-ЗАРАБОТУВАМЕ ПАРИ И ТРОШИМЕ;
- НО, МОРА И ДА ШТЕДИМЕ ЗА ДА ИМАМЕ ПАРИ КОГА ВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА РАБОТИМЕ;
- КОЛКУ ПОДОЛГО И ПОВЕЌЕ ШТЕДИМЕ, ЌЕ ИМАМЕ И ПОГОЛЕМИ ПРИХОДИ ВО СТАРОСТ;
- ЗАТОА ОДНОСОТ КОН ЗБОРОТ ПЕНЗИЈА НЕ ТРЕБА ДА НИ БИДЕ ДАЛЕЧЕН, ТУКУ УШТЕ КАКО МЛАДИ ДОБРОВОЛНО ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕМЕ ДА ШТЕДИМЕ, ИЛИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО УШТЕ ОД ПРВАТА ПЛАТА.
Учениците покажаа особен интерес за темата инвестирање на средствата на пензиските фондови во различни финансиски инструменти и можноста за дополнително штедење во доброволните пензиски фондови, кои средства сметаат дека се лични и можноста за наследство сметаат дека е една од поволностите која треба да го потикнува ваквото штедење уште од најрана возраст.
МАПАС повеќе години наназад спроведува активности за финансиска едукација како член на Координациското тело на регулаторни институции за финансиска едукација и финансиска инклузија во РСМ заедно со Народна банка на РСМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) и Комисијата за хартии од вредност;
МОТОТО НА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА Е
„УЧИ.ШТЕДИ.ЗАРАБОТИ“
Во оваа година Агенцијата заедно со двете пензиски друштва ќе спроведе едукативни презентации во 20 средни училишта во повеќе градови во земјата.
Агенцијата заедно со пензиските друштва продолжува со едукација и маркетинг кампањи за зголемување на финансиската писменост и финансиската инклузија особено на младите како наши идни членови во задолжителните и доброволни пензиски фондови.