22.8.2019

Тековна информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Почитувани членови и пензионирани членови,

Ве информираме дека на ден 20.08.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камата во износ од 165.678,00 денари и 428.610,00 денари, по основ на орочен депозит во ТТК Банка АД Скопје и Охридска Банка АД Скопје, соодветно.

Исто така, Ве информираме дека на ден 20.08.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од камата во износ од 13.394,00 денари, по основ на орочен депозит во Охридска Банка АД Скопје.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk