26.8.2019
Тековна информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Почитувани,
Ве информираме дека на ден 22.08.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камата во износ од 139.041,00 денари и 800.000,00 денари, по основ на орочен депозит во Стопанска Банка АД Битола и УНИ Банка АД Скопје, соодветно.
Исто така, Ве информираме дека на ден 22.08.2019 година на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата во износ од 28.000,00 денари, по основ на орочен депозит во УНИ Банка АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk