27.8.2019
Пристигнати приливи од камата и дивиденда во пензиските фондови
Почитувани ,Ве информираме дека на ден 23.08.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 6.773,76 долари, од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corporation. На истиот датум пристигнати се приливи од камата во износ од 97.671,00 денари, 660.000,00 денари и 229.574,00 денари, по основ на орочен депозит во Халкбанк АД Скопје, ПроКредит Банка АД Скопје и Охридска Банка АД Скопје, соодветно.
Воедно, Ве информираме и дека на ден 23.08.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 166,57 долари од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corporation.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk