30.8.2019

Тековна информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Почитувани,

Ве информираме дека на ден 27.08.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од камата од инвестици во домашни државни обврзници, во износ од 4.199.781,00 денари. На истиот датум пристигнаa приливи од камата во износ од 174.590,00 денари и 385.249,00 денари, по основ на орочен депозит во Охридска Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Битола, соодветно.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk