03.9.2019
Информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Почитувани,
Ве информираме дека на ден 02.09.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 399.485,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Витаминка АД Прилеп. На истиот датум пристигнаа приливи од камата во износ од 1.961.816,00 денари, 984.773,00 денари и 139.041,00 денари, по основ на орочен депозит во Халкбанк АД Скопје, Силк Роуд Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Битола, соодветно.
Исто така, Ве информираме дека на ден 02.09.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 108.596,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Витаминка АД Прилеп. На истиот датум пристигнаа приливи од камата во износ од 48.115,00 денари и 19.248,00 денари, по основ на орочен депозит во Халкбанк АД Скопје и Стопанска Банка АД Битола, соодветно.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk