18.10.2019
Информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд
Почитувани,
Ве информираме дека на ден 16.10.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 14.907.284,00 денари и прилив од камата во износ од 112.764,00 денари по основ на орочен депозити во Охридска банка АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk