29.10.2019
Информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Ве информираме дека на ден 28.10.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камата во износ од 372.822,00 денари и 207.836,00 денари, по основ на орочени депозити во Стопанска Банка АД Битола и Охридска банка АД Скопје, соодветно.
Исто така, на ден 28.10.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од камата во износ од 120.000,00 денари, по основ на орочен депозит во Универзална Инвестициона банка АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk