05.11.2019

Пристигнати приливи од камата и дивиденда во пензиските фондови

Ве информираме дека на ден 04.11.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 14.120,40 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications IncНа истиот датум пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 19.959.494,00 денари.

Исто така, на ден 04.11.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 353,01 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc. На истиот датум  пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 95.034,00 денари.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk