25.11.2019

Пристигнати приливи од дивиденда во пензиските фондови

Ве информираме дека на ден 21.11.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 9.956,80 евра, од инвестираните средства во компанијата Anheuser-Busch InBev SA/NV.

Исто така, на ден 21.11.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 253,68 евра, од инвестираните средства во компанијата Anheuser-Busch InBev SA/NV.

 

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk