29.11.2019
Сава пензиско друштво а.д. Скопје е новиот партнер на Платформата Земи Здив
Сава пензиско друштво а.д. Скопје (членка на Sava Insurance Group) е новиот партнер на ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ од Битола, преку донација на една Airly мерна станица за следење на аерозагадување која е инсталирана во Општина Новаци.
Сензорот е поставен на фасадата од Општинската зграда во Новаци со што мрежата се шири и надвор од Битола, а оваа локација е исклучително важна поради близината со термоелектраната РЕК Битола, како еден од потенцијалните загадувачи на воздухот во битолскиот регион.
Со оваа наша донација се вклучуваме во напорите да придонесеме во унапредување на заштита на околината и навременото детектирање на изворите на загадување кои штетно влијаат на човековото здравје.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје ќе продолжи и во иднина да дава поддршка на вакви иницијативи кои ја унапредуваат заштитата на животната средина.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk