04.12.2019
Над 16 милиони денари приливи од камати и прилив од дивиденда од Starbucks Corp и Wells Fargo & Co. во пензиските фондови
Почитувани,
Ве информираме дека на 02.12.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 12.373.026,00 денари и приливи од камати во износ од 2.655.616,00 денари и 984.821,00 денари, по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје, соодветно. На истиот датум пристигна прилив од дивиденда во износ од 7.714,56 долари, од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corp.
На ден 03.12.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 13.610,62 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co.
На сметката на Сава пензија плус на 02.12.2019 година пристигна прилив од дивиденда во износ од 189,71 долари, од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corp.. На истиот датум пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 236.150,00 денари и приливи од камати во износ од 94.957,00 денари и 5.240,00 денари, по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје и Стопанска банка АД Битола, соодветно.
На 03.12.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 379,49 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk