06.12.2019
Нови приливи од камати и дивиденди во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Почитувани,
Ве информираме дека на ден 05.12.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 13.440,00 долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service Inc.
На истиот датум пристигнаa приливи од камати во износ од 454.464,00 денари и 141.145,00 денари, по основ на орочени депозити во Охридска Банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.
Исто така, на ден 05.12.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 329,28 долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service Inc.
На истиот датум пристигнаa приливи од камати во износ од 34.085,00 денари и 11.762,00 денари, по основ на орочени депозити во Охридска Банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk