29.1.2020
Повеќе од 18 милиони денари приливи од камати во пензиските фондови
Ве информираме дека во периодот од 22.01.2020 до 27.01.2020 година, на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа следните приливи:
22.01.2020 - Камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 6.429.247,00 денари.
22.01.2020 - Камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 278.361,00 денари.
23.01.2020 - Камати во износ од 229.128,00 денари и 51.230,00 денари, по основ на орочени депозити во Охридска банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола, соодветно.
24.01.2020 - Камати во износ од 2.372.092,00 денари и 200.503,00 денари, по основ на орочени депозити во Универзална Инвестициона банка АД Скопје и Охридска банка АД Скопје, соодветно.
27.01.2020 - Камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 7.602.579,00 денари.
27.01.2020 - Камати во износ од 384.366,00 денари и 214.284,00 денари, по основ на орочени депозити во Стопанска банка АД Битола и Охридска банка АД Скопје, соодветно.
Исто така, на ден 22.01.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 695.903,00 денари.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/