04.2.2020
Повеќе од 10 илјади долари прилив од дивиденда од JP Morgan Chase & Co во пензиските фондови
Ве информираме дека на 30.01.2020 и 31.01.2020 година во пензиските фондови пристигнаа следните приливи:
На ден 30.01.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаa приливи од камати во износ од 2.599.436,00 денари, 1.036.000,00 денари и 121.060,00 денари, по основ на орочени депозити во Универзална Инвестициона банка АД Скопје, Централна Кооперативна Банка АД Скопје и ТТК банка АД Скопје, соодветно.
Исто така на ден 31.01.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од 10.498,32 долари, од инвестираните средства во компанијата JP Morgan Chase & Co.
На истиот датум пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 23.681.177,00 денари и прилив од камати во вкупен износ од 2.819.894,00 денари, по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје.
На ден 31.01.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 804.052,00 денари и приливи од камата во вкупен износ од 117.311,00 денари, по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје.
На истиот датум пристигна прилив од дивиденда во износ од 319,41 долари, од инвестираните средства во копманијата JP Morgan Chase & CO.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/