11.2.2020
Над 60 илјади евра дивиденда од Siemens AG во пензиските фондови
На 10.02.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда од инвестираните средства во компанијата Siemens AG во износ од 60.264,42 евра,
На истиот датум пристигнаа приливи од камати во износ од 352.956,00 денари, 200.361,00 денари и 96.557,00 денари, по основ на орочени депозити во ТТК Банка АД Скопје, Охридска Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола, соодветно.
Кај Сава пензија плус, на 10.02.2020 година пристигна прилив од дивиденда од инвестираните средства во компанијата Siemens AG во износ од 1.613,71 евра. На истиот датум пристигна прилив од камата во износ од 21.372,00 денари, по основ на орочен депозит во Охридска Банка АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/