28.2.2020
2.5 милиони денари прилив од камати во Сава пензиски фонд
Ве информираме дека на ден 26.02.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 2.000.007,00 денари.
На истиот датум пристигна прилив од камата во износ од 40.072,00 денари по основ на орочен депозит во Охридска Банка АД Скопје.
На ден 27.02.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати во износ од 384.197,00 денари и 174.113,00 денари, по основ на орочени депозити во Стопанска банка АД Битола и Охридска банка АД Скопје, соодветно.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/