23.11.2020

Повеќе од 39 милиони денари приливи по основ на камати во пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 08.11.2020 до 17.11.2020 година на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д Скопје, пристигнати се приливи по основна на камати во вкупен износ од  39.569.571,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 4.003,08 американски долари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ 4.237.493,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 34.149.900,00 денари.

По основ на дивиденди пристигнат е прилив од 3.864,17 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc.

За истиот период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 53.878,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 1.128.300,00 денари.

Од инвестираните средства во компанијата Apple Inc. по основ на дивиденди пристигнат е прилив во износ од 138,91 САД долари.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата, како и за тоа во кои финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата можете да најдете во редовните финансиски извешти кои се објавуваат на веб страната на Друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk