11.12.2020
Пристигнаа дивиденди од Intel Corporation, Wells Fargo & Company, Moët Hennessy Louis Vuitton SA, United Parcel Service CL B на сметките на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Ве информираме дека во периодот од 28.11.2020 до 07.12.2020 во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, по основ на камати пристигнати се приливи во вкупен износ од 20.017.788,00 денари, додека по основ на дивиденди пристигнати се приливи во вкупен износ од 49.464,06 американски долари и 7.349,76 евра.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 4.797.706,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во вкупен износ од 14.683.837,00 денари.
По основ на дивиденда пристигнати се приливи во износ од:
- 17.977,57 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;
- 2.668,75 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Company;
- 7.349,76 евра, од инвестираните средства на во компанијата LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SA;
- 4.188,97 САД долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service CL B;
- 11.293,55 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc.;
- 10.308,23 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF;
- 1.493,57 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF.
Во истиот овој период на сметката на Сава пензија плус пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 147.509,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во вкупен износ од 388.736,00 денари.
На сметката на Сава пензија плус пристигнати се приливи од дивиденда во износ од:
- 658,35 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;
- 74,41 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Company;
- 155,52 евра, од инвестираните средства во компанијата LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SA;
- 173,21 САД долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service CL B;
- 171,21 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc.;
- 232,83 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF и
- 67,89 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF.
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата имате во редовните финансиски извешти кои се објавуваат на веб страната на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk