29.4.2021

Намалување на надоместокот од уплатени придонеси и на месечниот надоместок од нето средствата кај Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус

Почитувани,

Како дел од континуираните заложби за исполнување на нашата мисија за обезбедување на финансиска сигурност и одржлива иднина за нашите членови, нашите вработени, нашите партнери и нашите сопственици, Сава пензиско друштво а.д Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси и на месечниот надоместок од нето средствата на пензискиот фонд кои ги наплатува кај Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Од 01.05.2021 година висината на надоместокот од уплатени придонеси за членовите со индивидуална сметка во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус ќе изнесува 2,5%*, наместо досегашниот 2,9%**, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на нето средства на Сава пензија плус ќе изнесува 0,075%*, наместо досегашниот 0,10%**.

За членови со професионални пензиски сметки, максималниот надоместок од уплатени придонеси ќе изнесува 2,5%*, наместо досегашниот 3,8%**, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на нето средствата на Сава пензија плус ќе изнесува 0,075%*, наместо досегашниот 0,10%**.

Надоместок за премин** од еден во друг доброволен пензиски фонд

Број на денови на членство ≤360  10 Евра во денарска противвредност
Број на денови на членство > 360  не се наплаќа надоместок за премин

За периодот 01.01.2021 до 31.03.2021 износот на трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,003%. (вкупен износ на трансакциски провизии изнесува 40.390,56 мкд).*

Нема намалување на надоместоци за постојано членство.

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

Висината на надоместокот од уплатени придонеси и висината на месечниот надомест од вредноста на вкупните нето средства е променлива категорија. Во примена е надоместокот определен од Друштвото, кој е во рамките на максималната висина на надоместоците пропишани со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Со почит,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Извор;

 

*Сава пензиско друштво а.д. Скопје

**Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk