20.5.2021
Соопштение за членовите со бенефициран стаж
Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги известува своите членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 20 Мај 2021 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 20 Август 2021 година.
Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до овој рок не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 21 Август 2021 година.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје до сите свои членови кои оствариле право да ја дадат оваа Изјава ќе достави писмено известување на нивната адреса за коресподенција која ја имаат во нашата евиденција.
Препорачуваме пред потпишување на Изјава за продолжување на членство лицата со бенефициран стаж кои оствариле намалување на старосната граница за пензионирање од најмалку една година, задолжително да не контактираат на Kontakt@sava-penzisko.mk или на телефон 02/15-500.
По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).
Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија согласно Закон.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk