21.11.2023

Седмо издание на Деновите на финансиската писменост 21 - 23 ноември 2023 година

Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по седми пат, годинава ќе се одржат од 21 до 23 ноември.

Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.

Сава пензиско друштво како дел од приватниот финансиски сектор, во координација со МАПАС кој е еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната на Друштвото и МАПАС и социјалните медиуми на Друштвото и МАПАС за да се информираат и едуцираат за капитално финансирано пензиско осигурување и својата индивидуална сметка.

Целта на оваа онлајн финансиска едукација што ќе се спроведува во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост е да се подобрaт знаењето и вештините, а воедно и да се променат ставовите и однесувањето кон финансиската писменост со цел да се поттикне финансиската вклученост и да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиските услуги, особено во делот за капитално финансирано пензиско осигурување.

Информирајте се на: https://www.sava-penzisko.mk/, http://www.mapas.mk

Супервизор на капитално-финансираното пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално-финансираното пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229