05.1.2024
Намалување на надоместок од уплатени придонеси за членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд
Почитувани,
Акционерско друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Ве известува за намалување на надоместок од уплатени придонеси во Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд.
Од 01.01.2024 година висината на надоместокот од уплатени придонеси ќе изнесува 1,80%*, наместо досегашниот 1,90%*, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на вкупните нето средства останува непроменет и изнесува 0,03%*.
Надомест за премин* од еден во друг задолжителен пензиски фонд:
- Број на денови на членство ≤ 720 = 15 Евра (во денарска противвредност)
- Број на денови на членство > 720 = не се наплаќа надоместок за премин
За периодот 01.01.2023 до 31.12.2023 износот на трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,003%** (вкупен износ на трансакциски провизии е 1.880.642,33 мкд).
Нема намалување на надоместоци за постојано членство.
Висината на надоместокот од уплатени придонеси и висината на месечниот надомест од вредноста на вкупните нето средства е променлива категорија. Во примена е надоместокот определен од Друштвото, кој е во рамките на максималната висина на надоместоците пропишани со Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.
Намалувањето на надоместоците влијае на висината на пензиските заштеди на членовите.
Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk 023224229.
Со почит,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје
Извори:
* Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk
** Сава пензиско друштво а.д. Скопје