27.11.2024
Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година
Скопје, - 26.11.2024, се одржа првиот едукативен настан во рамките на Осмото издaние на Деновите на финансиска писменост
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво АД Скопје, Триглав Пензиско друштво АД Скопје и ВФП пензиско друштво АД Скопје, денес го посетија Универзитетот Скопје, и се обратија пред 50тина студенти и професори и на едукативното предавање дадоа посебен осврт на капитално финансираното пензиско осигурување.
За таа цел членот на Советот на експерти на МАПАС Дарко Саздов, членот на Управен одбор на Сава пензиско друштво д-р Петар Талески како и претставниците на маркетинг тимовите на КБ Прво пензиско друштво, Триглав пензиско друштво и ВФП Пензиско друштво во своите излагања ја доближија реформата до присутните со цел да им помогнат да се стекнат со повеќе познавања и со поголема сигурност во иднина да носат одлуки.
Деновите на финансиската писменост, се организирани како едукативни предавања, а во рамките на следните денови ќе бидат посетени уште две институции и тоа:
- 11.2024 во 12 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар во ОOУ „Свети Климент Охридски“ - Општина Бутел;
- 11.2024 во 13.30 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар од основните училишта на Општина Кисела Вода.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна и нашите социјални медиуми:
https://www.facebook.com/mapas.mk